• Почетна
  • За нас
  • Контакт
  • Списание „Библиотекарство“
  • Годишни собранија
  • Јубилеи
  • Натпревари „Млади библиотекари“
  • Прирачник Млади библиотекари
  • Награда „Климентова повелба“
  • Награда библиотека на годината
  • Проекти
  • Меѓународни соработки
  • Од активностите на библиотеките
Како ви се допаѓа новата web страна?
 

Моментално посетители

Има 6 гости присутни

Се одржа 20. Републички натпревар „Млади библиотекари“

PDF | Печати | Е-пошта

На 15.11.2019 година се одржа 20. Републички натпревар „Млади библиотекари“ во ЈУ Градска библиотека „Браќа Миладиновци“ во Скопје. На натпреварот учествуваа и се натпреваруваа 28 учесници од основните училишта на Република Северна Македонија. Петчлената комисија во состав: Јелисавета Костадинова, претседател, Маја Трајковиќ, член, Душанка Трпевска – член, Билјана Аџиовска-Панџарова, член од домаќинот и Елизабета Коцева, член и претставник од присутните ментори на учесниците, ги прегледаа тестовите и утврдија дека на прво место, од вкупно 120 поени, е Ана-Марија од ООУ „Ј.Х.Песталоци“ – Скопје со освоени 108 поени под менторство на Ана Георгиева и Зорица Патарова, на второ место е Стефанија Цветановска од ОУ „Славко Лумбарковски“, с. Новаци – Битола со освоени 106 поени под менторство на Даниела Ристевска, и третото место го освои Едис Еминоски од ООУ „Добре Јованоски“ од Прилеп со освоени 104 поени под менторство на Панде Николоска. Честитки за наградените и за сите учесници на овој натпревар. Голема благодарност до учениците, нивните ментори и колегите библиотекари, а посебна благодарност до директорката на Градската библиотека „Браќа Миладиновци“, Сузана Данаилова којашто како овогодинешен домаќин на натпреварот овозможи пријатен прием и одлична организација.


 

 
Share on facebook

© Copyright 2011 Јанакиевски Зоран. All Rights Reserved.