2010 година

Како на единствен добитник, Наградата "Климентова повелба" 2010 год. му е доделена на Благој Николов, НУУБ „Св. Климент Охридски“, Битола.

Врз основа на член 19, став 1, алинеја 17 од Статутот на БЗМ и член 8, став 2 од Правилникот за доделување на Наградата „Климентова повелба“, Извршниот одбор на БЗМ на седницата од 22.04.2010 год. донесе

 

О Д Л У К А
за доделување на Наградата „Климентова повелба“ 2010 год. на

БЛАГОЈ НИКОЛОВ, библиотекар советник од НУУБ „Св. Климент Охридски“ Битола,
како ЕДИНСТВЕН ДОБИТНИК на наградата.

О б р а з л о ж е н и е

На конкурсот за Наградата беа пристигнати две пријави: една за д-р Николче Вељановски и Благој Николов, библиотекари советници од НУУБ „Св. Климент Охридски“ Битола.
Постапувајќи по актите од преамбулата на оваа Одлука, Извршниот одбор ги разгледа записникот од Комисијата за доделување на Наградата „Климентова повелба“ со четири гласа „за“ и еден „против“ утврден е предлогот Наградата да му се додели на Благој Николов.
По претходно разгледаниот приговор од д-р Николче Вељановски, Извршниот одбор го прифати предлогот на Комисијата и одлучи Наградата „Климентова повелба“ 2010 год. да му ја додели на именуваниот за неговиот исклучителен придонес во развојот на библиотекарството во Република Македонија.

Библиотекарско друштво на Македонија

Извршен одбор,