17. Републички натпревар „Млади библиотекари“ во Велес, 2016

На 17. Републички натпревар „Млади библиотекари“, што се одржа на 28. 10. 2016 во Локалната библиотека „Кочо Рацин“ Велес учествуваа 23 учесници од основните училишта на Република Македонија.

Тричлената комисија во состав: Гордана Пешевска – виш библиотекар, претседател, Јадранка Мајсторова – библиотекар, член и Пепи Ставревски – претставник од училишните библиотеки и секретар на Извршниот одбор на БЗМ, член, по прегледувањето на тестовите, ги известија учесниците за постигнатите резултати. Миа Дарковска од ОУ „Елпида Караманди“ – Битола освои 101 бод, Игор Стојков од ООУ „Тодор Јанев“ - с. Чашка – Велес, освои 101 бод и Милена Николовска од ОУ „Браќа Миладиновци“ – Ресен освои 100 бода.

Со оглед на тоа дека двајцата први натпреварувачи имаа ист број на бодови – 101, се пристапи кон усно одговање на прашања. Може да се каже дека и двајцата натпреварувачи рамноправно се ноеса се до поставувањето на петтото прашање по кое натпреварувачот Игор Стојков ѝ подаде рака на натпреварувачката Миа Дарковска и ѝ честита за освоеното прво место. Според тоа: на прво место е Миа Дарковска од ОУ„Елпида Караманди“ – Битола, на второ место Игор Стојков од ООУ „Тодор Јанев“ - с. Чашка – Велес и третото место го освои Милена Николовска од ОУ „Браќа Миладиновци“ – Ресен.