18. Републички натпревар „Млади библиотекари“ во Струга, 2017

На 18. Републички натпревар „Млади библиотекари“, што се одржа на 03. 11. 2017 во НУ Центар за култура „Браќа Миладиновци“ во Струга кој воедно беше и домаќин на овој натпревар се натпреваруваа 20 учесници од основните училишта на Република Македонија. Петчлената комисија во состав: Мариче Боздоганова – виш библиотекар, претседател, Ели Наумоска Монеска – библиотекар, член, Пепи Ставревски – претставник од училишните библиотеки и секретар на Извршниот одбор на БЗМ, член, Жаклина Линкова, член и Љупка Стојменова, член, и двете претставници од присутните ментори на учесниците. По прегледувањето на тестовите, Комисијата ги извести учесниците за постигнатите резултати. Анастасија Младеновска од ОУ„Крсте П. Мисирков“ - Куманово, Благица Митровска од ОУ„Браќа Миладиновци“ – с. Добрушево, Могила, Изабела Насковска од ОУ „Кирил и Методиј“ - Битола и Трајче Манчевски од ООУ „Никола Вапцаров“ – Струмица, освоија по 130 бода. Со оглед на тоа дека четворицата први натпреварувачи имаа ист број на поени – 130, се пристапи кон усно одговарање на прашања. Прва од натпреварот испадна Анастасија Младеновска, следна испадна Изабела Насковска, а по подолго посатвување на прашања првото место го освои Трајче Манчевски.. Според тоа: на прво место е Трајче Манчевски од ООУ „Никола Вапцаров“ – Струмица, на второ место Благица Митровска од ОУ„Браќа Миладиновци“ – с. Добрушево, Могила и третото место го освои Изабела Насковска од ОУ „Кирил и Методиј“ - Битола.