12. Републички натпревар „Млади библиотекари 2011“

На 11.11.2011 год. во просториите на ЛУ Библиотека „Благој Јанков Мучето“ – Струмица се одржа Дванаесеттиот  републички натпревар „Млади библиотекари 2011“ на кој учествуваа ученици од основните училишта – членови на јавните библиотеки во Република Македонија.
На натпреварот учествуваа 27 натпреварувачи, победници на општинските натпревари „Млади библиотекари 2011“ организирани од јавните библиотеки во текот на месец октомври 2011 год.

Натпреварот го спроведе комисијата во состав:
1. Елизабета Трпческа Петрушевска-претседател (НУ Библиотека „Кочо Рацин“ - Тетово)
2. Тања Гошева, член (ЛУ Библиотека „Благој Јанков Мучето“ – Струмица)
3. Илија Захариев, член (ЈОУ Библиотека „Искра“ - Кочани)
Натпреварот беше анонимен. Секој натпреварувач, пред почетокот на Натпреварот, на посебен лист ги напиша своите генералии и шифрата под која се натпреварува. Потоа, натпреварувачите ги ставија листовите во пликови и ги залепија пликовите. Последниве беа отворени откако беа прегледани прашалниците и беше утврден редоследот на победниците на Натпреварот. Прашалникот се состоеше од 20 прашања (со дополнување, заокружување и целосни одговори), а максималниот број на освоени бодови беше 180. Откако комисијата ги прегледа тестовите го објави редоследот на победниците: 1. Бојана Радевска, ОУ „Браќа Миладиновци“, с. Царев Двор, Ресен (Јавна библиотека при Домот на култура „Драги Тозија“ – Ресен), со освоени 174 бодови; 2. Бранко Стефановски, ОУ „Герас Цунев“,  (ЛУ Библиотека „Благој Јанков Мучето“ – Струмица), со освоени 172 бодови; 3. Зорица Георгиевска, ОУ „Лазо Трповски“ – Скопје, (Градска библиотека „Браќа Миладиновци“), со освоени 170 бодови. Исто така, на сите учесници им беа подарени по една книга и благодарници за учество, додека пак, на сите ментори им беа дадени благодарници. Посебна благорарност со благодарници им беше изразена на ЛУ Библиотека „Благој Јанков Мучето“ – Струмица како домаќин на Натпреварот и на директорката г-ѓа Тања Бошева.