13. Републички натпревар „Млади библиотекари“

Одржан 13. Републички натпревар „Млади библиотекари 2012“. Домаќин на овогодишниот натпревар беше ЈУ Градска библиотека „Браќа Миладиновци“ од Скопје. На натпреварот зедоа учество 22 натпреварувачи од основните училишта во Република Македонија. Комисијата во состав м-р Сузана Данилова - претседател (Скопје), Пепи Ставревски - член (Битола) и Илија Захариев - член (Кочани), по прегледувањето на тестовите ги награди следните натпреварувачи:
1. I освоено место - Лина Гроздановска од Битола;
2. II освоено место - Фросина Андреева од Струмица и
3. III освоено место - Зорица Георгиевска од Скопје
На најдобрите им беа доделени пригодни награди.