14. Републички натпревар „Млади библиотекари“

На 25.10.2013 година, во Неготино се одржа 14. републички натпревар „Млади библио-текари 2013“, организиран од Библио-текарското здружение на Македонија. На натпреварот зедоа учество 23 натпреварувачи од основните училишта ширум државата. По поставените прашања од страна на тричлената комисија во состав Благој Николов, Катерина Данаилова и Илија Захариев, учесниците преминаа на одговарање на прашањата. Со најголем број освоени поени односно сите 170, беше натпреварувачот Миа Ботинова Димитрова од ООУ „Блаже Конески“ - Велес која ја освои и I награда на натпреварот, додека за II и III награда две натпреварувачки имаа ист број на поени - 157. По усното испрашување второнаградена беше Јована Јовановска од ОУ „Крсте Мисирков“ од Куманово и III награда и беше доделена на Александра Шијаковска од ООУ „Страшо Пинџур“ - Неготино.
На сите учесници на натпреварот и на нивните ментори им беа поделени Благодарници и по една книга.