35. Годишно собрание на БЗМ, 22 и 23 мај 2008

Битола беше домаќин на средбата на македонските библиотекари. Дводневното Годишно собрание на членовите на Библиотекарското друштво на Македонија се одржа на 22 и 23 мај 2008. Првиот работен ден го одржаа во салата за промоции на Библиотеката. Меѓу гостите кои го поздравија Собранието беа градоначалникот на Битола, г-дин Владимир Талески и пратеничката во Парламентот, г-ѓа Анета Стефановска, а со работниот дел заседаваше претседателката на БДМ, д-р Сузана Котовчевска. Директорот на НУУБ – Скопје, г-дин Миле Бошески зборуваше за актуелните законски недоследности и потребата од носење нов ревидиран и дополнет закон. Вечерта беше организирана свечена вечера за сите членови во организација на БДМ и Општината Битола. На вториот работен ден кој се одржа во салата на хотелот „Молика“ на Пелистер, беа избрани седум нови членови на Извршниот одбор на БДМ и другите тела. За претставник во Претседателството на Извршниот одбор од НУУБ – Битола беше избран д-р Николче Вељановски.