46. годишно собрание на БЗМ

Почитувани членови на БЗМ,

 

Извршниот одбор на Библиотекарското здружение на Македонија на својата редовна седница одлучи 46. Годишното собрание на БЗМ (наедно и јубилејно) да се одржи на 17.10. – 18.10.2019 година во градот Штип. Библиотекарското здружение на Македонија со поддршка на Министерството за култура на Република Северна Македонија, во рамките на 46. Годишно изборно собрание, организира Конференција со меѓународно учество. Темите за овогодинешното Собрание се:

 

„Јубилеј 70 години Библиотекарско здружение на Македонија“;

„30 години Cobiss во Македонија - придобивки и значење за развојот на библиотеките и библиотечната дејност.“; и

„Професионализација и заштита на библиотекарската професија“.

 

Во склоп на наведениве теми, а посебно за првата тема која се однесува на 70 години од постоењето на БЗМ, имајте слобода да создадете трудови во кои ќе се оцрта вашето искуство и знаење од областа на библиотечната дејност.

Почитувани членови на БЗМ, Ве покануваме и поттикнуваме да бидете дел од оваа Конференција со што сите заедно ќе придонесеме за збогатување и унапредување на досегашниот развој на библиотекарството кај нас.

Авторите на изработените стручни трудови, според предложените теми, треба да ги достават најдоцна до 10.9.2019 година на електронската пошта на БЗМ Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите

За деталите во врска со организацијата околу претстојната Конференција ќе бидете навремено информирани.

 

Со почит,