37. Годишно собрание на БДМ, 13 и 14 мај 2010, Струга

На 13.05. 2010 година во Струга се одржа 37 Годишно и изборно собрание на Библиотекарското друштво на Македонија.
Најпрвин, Богомир Наумовски, библиотекар при библиотеката во Струга, во името на градоначалникот на Струга и во името на директорката на Домот на културата на сите присутни на Собранието им посака добра и успешна работа.

Темата на првиот ден од Собранието беше: „Дигитализација на македонското културно наследство – нов предизвик“. БДМ по овој повод покани двајца излагачи за оваа тема, кои се компетентни во оваа област. Прв излагач беше д-р Лазар Шуманов од невладината организација ИКОМОС. Тој излагаше на тема: „Национална стратегија за дигитализација на македонското кутурно наследство“. Иницијатор на оваа стратегија е Министерството за култура и истото ги подобрува плановите и финансиите. Стратешките цели се за дигитализирање на движното, недвижното и нематеријалното културно наследство.

Втор излагач на ова собрание беше м-р Димитар Поповски од Филолошкиот факултет од Скопје. Тој сметаше дека крајно време е Македонија да понуди од своите информациски ресурси. Тој резимираше дека националната стратегија е одлична работа, за тоа е потребна поголема транспарентност, нови технологии за дигитализација и битно е да се има пристап од повеќе страни – институции. Тој сугерираше дека не само Министерството за култура туку и Министерството за образование треба да се вклучи во областа на информациската писменост.
По излагањето на Димитар Попоски, се разви обемна дискусија по однос на темата, со што се потврди нејзината актуелност и интересот на присутните за неа.

Вториот дел од Собранието започна уште во 9.00 часот. Беа пристигнати претставници скоро од сите народни и национални библиотеки, како и од некои специјализирани библиотеки од државата. Претседателот Кирил Ангелов, со пригодни зборови ги поздрави присутните гости и ги најави активностите предвидени за вториот дел од Собранието. Ангелов потоа го прочита извештајот за време на двегодишното раководење од страна на претседателсвото. Тој ги наброи сите проекти со кои БДМ конкурираше во Министерството за култура од кои два беа одобрени. Конкурирано беше со проектот Млади библиотекари во изградбата на  информатичкото општетство во Југоисточна Европа, но за жал овој проект не се реализира од причина што немаше капацитет за реализација. Издаден е двоброј на списанието Библиотекарство. Беа одржани два републички натпревара Млади библиотекари во Кочани и Велес.

БДМ ја поддржува иницијативата охридската библиотека да добие нов лик и библиотека каква што заслужува еден град како што е Охрид.
БДМ подари книги во кантоналната библиотека во Швајцарија. Претседателот Ангелов учествуваше на меѓународната ИФЛА -конференција во Италија.

 

 

Програма

Прв ден - 13.05. 2010

14:00 Прием и регистрација на учесниците на Собранието

15:00 Почеток, избор на работно претседателство и верификациска комисија

15:10 Поздравни обраќања
- г. Рамиз Мерко, градоначалник на Општина Струга
- г-ѓа Слободанка Попоска, директор на Домот на културата - Струга
15:20 Излагање на д-р Лазар Шуманов, ИКОМОС
15:40 Излагање на м-р Стана Јанкоска, НУБ „Св. Климент Охридски“
16:00 Излагање на м-р Димитар Попоски, Библиотека при Катедрата за преведување и толкување - Филолошки факултет „Блаже Конески“ - Скопје
16:30 Одмор за кафе
17:00 Дискусија по однос на темата
18:00 Крај на работниот дел
Слободно време за пауза
19:30 Вечера во ресторан "Монтенегро"


Програма

Втор ден - 14.05. 2010
09:00 Почеток на изборниот дел на Собранието
09:10 Извештај за работата на БДМ 2008-2010, г. Кирил Ангелов, претседател на БДМ
09:30 Дискусија по Извештајот
10:00 Избор на нови членови на Извршниот одбор на БДМ 2010-2012
11:00 Одмор за кафе
11:30 Доделување на наградата „Климентова повелба 2010“
12:00 Крај на изборниот дел на Собранието
12:30 Ручек во ресторан „Монтенегро“