39. Годишно собрание на БЗМ, 22-23 мај 2012, Битола, хотел „Премиер“

Од 22 до 23 мај 2012 година беше одржано 39. Годишно собрание на Библиотекарското здружение на Македонија. Воведен збор имаше директорот на НУУБ „Св. Кирил Охридски“ Битола Науме Ѓоргиевски, домаќин на овогодишното Собрание. Програмата за двата дена ја изнесе д-р Николче Вељановски, претседател на Здружението. Во првиот ден беше одржан семинар на тема: „Современото библиотечно работење“. Трудови презентираа: м-р Вилма Јованова, виш библиотекар, Науме Ѓоргиевски, библиотекар советник, Анета Стефановска, библиотекар советник, Јелисавета Костадинова, виш библиотекар, Јовица Тасевски, Цветанка Дамјановска, библиотекар советник, Јоланда Бошевска, библиотекар советник, м-р Аница  Глигорова Милева и Марко Цуцуловски.
Работниот дел беше во вториот ден. Д-р Николче Вељановски го прочита Извештајот за работата на БЗМ во изминатите две години јуни 2010 до мај 2012 година. Наградата „Климентова повелба“ за 2012 година ја доби д-р Николче Вељановски, библиотекар советник. Беа избрани новите органи на Здружението. Новиот претседател на ИО на БЗМ е Благој Николов, библиотекар советник. После работниот дел гостите го посетија археолошкиот локалитет Хераклеа Линкестис.

ПРОГРАМА

 

22 МАЈ

Почеток на Собранието 11.30 часот
Отворање на Собранието: д-р Николче Вељановски, претседател на БЗМ

Воведен збор на г-н Науме Ѓоргиевски, директор на Национална установа – Универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ - Битола

Семинар на тема: „Современо библиотечно работење“ 12.00 часот

Пауза за коктел: 14.30 часот

Продолжение на семинарот: Дискусија 15.00 часот

Свечена вечера 20.00 часот

 

23 МАЈ

 

Почеток на Собранието 9.30 часот

Извештај за работата на БЗМ за 2010 – 2011г., д-р Николче Вељановски

Доделување на наградата „Климентова повелба“

Избирање на новите тела на Собранието

Затворање на Собранието 11.00 часот

Организирана посета на Библиотеката и Хераклеа Линкестис

Сите активности ќе се одвиваат во хотел „Премиер“ Битола, Лавчански пат б.б. (од улица „Партизанска“ се врти на патот кон с. Лавци, 300 м.). тел. 047/202 060

За подетални информации околу сместувањето, вечерата и друго, библиотеките ќе бидат информирани, со писмо, две недели пред почетокот на Собранието.