Стручна средба на 40. Годишно собрание

Почитувани

Ве известуваме дека Јубилејното 40. Годишно собрание на БЗМ ќе се одржи на 6-7. 06. 2013 година. На првиот ден, на „Стручната средба на библиотекарите од Р. Македонија на јубилејното 40. годишно Собрание на БЗМ“ ќе бидат презентирани трудови на тема:

  • „Современите услуги и сервиси на библиотеките во Република Македонија“;
  • „Училиштните библиотеки и културните вредности кај младите“;
  • „Високошколските библиотеки во Македонија во пресрет на новите предизвици кон научноистражувачката работа“;
  • „Јавните библиотеки во Р. Македонија како културни жаришта на локалната средина“.


Стручните трудови кои ќе бидат прифатени и вклучени во Програмата од страна на стручната комисија на ИО на БЗМ, на презентерите ќе им бидат обезбедени трошоците околу престојот, патот, сместувањето и ноќевањето во Велес

Трудовите да се испратат на e-mail Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите , најдоцна до 02.06.2013 година со назнака за „Стручна средба“, а авторите ќе бидат информирани до 04. 06. 2013 година кои трудови ќе бидат прифатени.

Ве молиме најдоцна до 28. 05. 2013 година да ми испратите име и презиме на делегатите кои ќе бидат испратени на Собранието и дали истите ќе ноќеваат во Велес на e-mail Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите . Трошоците за делегатите ги надоместува секоја библиотека која ги испраќа на ова Собрание.