41. Годишно собрание

ИО на БЗМ на својата редовна седница на 13.05.2014 година, донесе одлука 41. Годишно собрание на БЗМ да се одржи во Кавадарци на 19 и 20 јуни 2014 година.

Тема на годинешново собрание е: Силни библиотеки - огледало на современото општество
(во трудовите можат да бидат застапени сите видови на библиотеки: национални, локални, високошколски, училишни и специјални).

Трудовите можат да се пријавуваат најкасно до 13. 06.2014 година на мејлот на Здружението Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите

Изборот на темите кои ќе се презентираат на Годишното собрание ќе се изврши на 16 јуни 2014 на состанок на ИО и истиот ден лицата кои ќе презентираат ќе бидат информирани на мејл.

Првиот ден од 41. Годишно собрание (19.06.2014 - четврток), ќе се бидат презентирани трудовите, додека во вториот ден 20.06.2014 - петок), ќе се одржи избор на ИО на БЗМ и свечено доделување на наградата „Климентова повелба“ за 2014.