44. Годишно собрание

Библиотекарското здружение на Македонија, во рамките на 44. Годишно собрание, организира конференција со меѓународно учество „Корисникот и библиотеката - минато и иднина“, кое ќе се одржи од 09 - 10.11.2017. во Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Скопје

Некои од можните теми за излагање на конференцијата:

 

- мултикултурални библиотеки;
- библиотеки и трансформација на општеството;
- истражувања и нови трендови во библиотеките;
- библиотеки и образованието;
- библиотеки и медиумите;
- современи библиотечно - информациски услуги и потенцијални корисници;
- одговор на библиотеките и предизвиците на современите технологии;
- библиотечните технологии и навиките на корисниците.

 

Ке се прифатат и други теми кои се во согласност со основната тема на кнофренцијата.
Трудовите за 44. Годишно собрание на БЗМ треба да се достават на елктронската пошта на БЗМ најкасно до 10. 10. 2017 година.