Одржување на 45. Годишно изборно собрание на БЗМ

ИО на БЗМ на својата редовна седница одлучи 45. Годишно изборно собрание на БЗМ да се одржи на 31.05. – 01.06.2018 год. во градот Струга. Библиотекарското здружение на Македонија, во рамките на 45. Годишно изборно собрание, организира конференција со меѓународно учество на теми:

1. „Библиотеките и предизвиците на дигиталното доба“

2. „Библиотеките се „IN“

3. „Мултимедијална библиотека“

4. „Комуникациски процеси во библиотеката“

- комуникацијата како процес;

- потреби на корисникот;

- корисничка типологија ;

- предизвик за разгледување квалитетот на услугите;

- како да се најдат или обезбедат нови медиуми и нови можности;

- образоване за успешна комуникација

Авторите на изработените стручни трудови, според предложените теми, истите треба да ги достават најдоцна до 15. 05. 2018 година на електронската пошта на БЗМ Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите