Конкурс за доделување на наградата „Климентова повелба“ за животно дело, 2018

Врз основа на Статутот на БЗМ и Правилникот за доделување на наградата, ИО на БЗМ, на предлог на Комисијата за доделување на наградата „Климентова повелба“ за животно дело, ги утврди следниве конкурсни услови за доделување на наградата „Климентова повелба“ за животно дело во 2018 година. Секој кандидат, учесник на Конкурсот, треба да достави:

1. Кратка биографија;

2. Преглед на професионалниот ангажман;

3. Список (библиографија) на објавени стручни трудови;

4. Писмени препораки од најмалку два библиотекари советници

5. Возрасната граница да е над 55 години

6. Да имаат најмалку 20 години работно искуство во библиотекарството

7. Да не е член на ИО на БЗМ

Наградата се доделува на библиотекари од сите видови библиотеки членки на БЗМ во Република Македонија, како и на почесни членови на БЗМ, за постигнати особени резултати од пошироко значење за развојот и афирмацијата на библиотечната дејност во Републиката.

Наградата се состои од повелба и од вредносен износ.

Право на предлагање кандидати имаат и: библиотеките, Заедницата на народните библиотеки, членовите на БЗМ и други сродни институции и организации.

Пријавите со сите наведени документи треба да се достават во затворен плик до Комисијата за доделување на наградата, најдоцна до 30.04.2018 година, на следнава адреса:

Библиотекарско здружение на Македонија

(за Комисијата за доделување на наградата „Климентова повелба“)

бул. „Гоце Делчев“ бр. 6

1000 Скопје

Пријавите што ќе пристигнат по определениот рок или се некомплетни нема да бидат разгледувани од Комисијата.

ИО на БЗМ