Повик за учество на Регионална конференција за јавни библиотеки 2013

„Јавните библиотеки поттикнуваат иновации во заедницата“

 

Ги покануваме заинтересираните библиотекари, научните истражувачи и стручни лица да аплицираат за учество на Регионалната конференција: "Јавните библиотеки поттикнуваат иновации во заедницата" што ќе се одржи во Радовиш, Република Македонија од  14. до 15. февруари 2013 година.

Цели на конференцијата:

- Поттикнување на соработка и поврзување на креаторите на политики на национално/локално ниво со библиотечната заедница

- Поттикнување на јавните библиотеки за меѓусебна соработка и иновации со перспективи за поддршка на еднаков пристап до технологијата и поддржување на доживотното учење и активното граѓанско општество.

Теми на конференцијата

Презентациите  треба да се вклопат во една од следните теми:

1) Јавните библиотеки ги решаваат потребите на заедницата (проценка на потребите, примери на услуги, нови методи, најдобрите практики, итн)

2) Информациската технологија во библиотеките и дигитални библиотеки (стратегии, практики, искуства, примери)

3) Јавни библиотеки - врска со политики (ЕУ, национални, регионални, локални)

4) Одржливост на услуги на јавни библиотеки (ко-финансирање, посредување, партнерство)

 

Критериуми за учество

- Трудовите кои ќе бидат презентирани на Конференцијата треба да бидат во рамките на  наведените теми

- Сите заинтересирани кандидати да достават резиме за предложената презентација  (макс. 300 зборови)

- Рок за доставување апстракт: 20 јануари 2013 година.

- Резимеата да бидат испратени во MS Word или PDF по е-пошта:   Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите или Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите

- Кандидатите да достават кратка биографија, не подолга од 1 (една) страница и слика.

- Апликантите ќе добијат повратни информации до 25  јануари 2013 година.

- Краен рок за доставување на трудови: 05 февруари 2013 година.

 

Организациски одбор

м-р Иванка Соколова

м-р Миодраг Дадасовиќ

м-р Вилма Јованова

Благој Николов, библиотекар советник

Станој Петров, директор

Охридија Лазарова, директор

 

Ораганизатори

ЕИФЛ –Eелектронски информации за библиотеки

Општинска народна библиотека „Браќа Миладиновци“ Радовиш

Национална установа - Универзитетска библиотека „Гоце Делчев“-Штип

Општина Радовиш

Библиотекарско здружение на Македонија

Македонски електронски библиотеки