БИБЛИОТЕКА НА ГОДИНАТА ЗА 2019

Почитувани,

Комисијата за доделување на признанието „Библиотека на годината“, работејќи според насоките на Правилникот за доделување на признанието „Библиотека на годината“ и следејќи ги Критериумите за вреднување / проценување на посебноста за доделување на признанието „Библиотека на годината“ заклучија дека врз основа на материјалите и содржините доставени со Пријавите по објавениот јавен повик и врз основа на исполнување на критериумите на највисоко ниво оваа година библиотеките ЈУ Градска Библиотека „ Браќа Миладиновци“ – Скопје и Општинска народна библитека „Браќа Миладиновци“ – Радовиш, заедно да го понесат признанието „Библиотека на годината“ за 2019 година. Честитки!!!

Доделувањето на ова признание ќе биде на 6 декември 2019 година (петок) во НУБ „Св. Климент Охридски“ - Скопје, а по повод 75-годишниот јубилеј од нејзиното работење и дејствување.

Со почит,

Претседател на БЗМ