Упатство за изработка на трудови за објавување во списанието „Библиотекарство“

УПАТСТВО ЗА АВТОРИТЕ

Списанието „Библиотекарство“ претставува научно/стручно списание за теоретски и практични прашања во областа на библиотекарството и информациската наука.
Списанието се стреми преку научни и стручни сознанија и дискусии да допринесе кон размена на професионални мислења и да овозможи елементи неопходни за развојот на научната и стручна мисла во областа на библиотечно – информациската наука, како и да допринесе кон натамошна афирмација на библиотекарството во национални како и во меѓународни рамки.

Поднесување труд/статија

Во „Библиотекарство“ се објавуваат научни и стручни трудови, научни белешки (кратки соопштенија), претходни соопштенија, како и прегледни статии (прикази).
Трудовите кои се поднесуваат за објавување треба да бидат подготвени согласно следниве пропозиции:

 

1.    До уредувачкиот одбор на списанието може да се испратат само оригинални трудови  (претходно не објавувани).


2.    Трудовите и статиите треба да имаат најмногу 7 страници. Маргини: Top – 2,54, Down 0 2,54, Left - 3, Right – 2,5, Gutter 0 cm, Header – 1,25, Footer – 1,25.


3.    Текстот да биде пишуван во проред 1,5 во Times New Roman со македонска поддршка, со големина на буквите 12.


4.    Насловот на трудот треба да стои во Header на секоја страница од трудот. Фуснотите треба да се напишат со големина на буквите 10.


5.    На почетокот од трудот треба да се наведе титулата, името (имињата) и презимето (презимињата) на авторите, по потреба и иницијалите на татковото име.
- Под насловот, во десниот агол, да се наведе типот на трудот (курзив, во заграда),
- Институција на афилијација на авторот/авторите,
- Податоци за контакт (е-пошта, телефон, адреса), во заграда, курзив, големина на фонт 10.

6.    Трудовите освен на првата страница не треба да го содржат името на авторот на другите страници.


7.    Апстракт - кратка содржина до најмногу 150 зборови (приближно 500-600 карактери со празни места)

- клучни зборови што ќе ја опишат темата опфатена во трудот наведени по апстрактот
- текст на трудот
- користена литература
- резиме и клучни зборови на англиски јазик

8.    Цитирањата и забелешките треба да се ставаат на крајот од страницата (footer) и да бидат последователно нумерирани со арапски бројки со фонт големина


9.    Табелите, графиконите и други илустрации треба да бидат со наслов и последователно нумерирани со арапски бројки, со курзивен стил.

- Задолжително е да се наведат сите библиографски извори кои се користени во подготовка и пишувањето на трудот со користење на APA (American Psychological Association) стандардот на индексирање на литературата.
- Пример: Electronic reference formats recommended by the American Psychological Association. (19.11.1999). Washington, DC: American Psychological Association

10.    Листата на користената литература треба да биде сместена на крајот од трудот.

11.    Текстот задолжително да се праќа на e-mail: Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите

12.    Трудовите кои се доставени не се враќаат на авторите (без оглед дали ќе бидат или нема да бидат објавени во списанието).