Известување

На својата редовна седница одржана на 27. 09. 2013 г. Извршниот одбор на БЗМ донесе заклучок, терминот за прибирање на материјали да го продолжи заклучно со 15. 10. 2013 година. Сите трудови пристигнати по овој датум ќе бидат земени во предвид за следниот број кој ќе излезе кон крајот на 2014 година. Се молат сите кои имаат доставени трудови за објавување за овој број, материјалите да ги сообразат според упатството за изработка на текст, во спротивно нема да се земат во предвид.