Доделување наградата „Библиотека на годината“ за 2014 година

Овогодишен добитник на наградата „Библиотека на годината“ за 2014 година е Локалната библиотека „Гоце Делчев“ од Велес. Врачувањето на истата ќе биде на ден 05. 12. 2014 година, на свечаноста по повод патрониот празник и 70 годишниот јубилеј на Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ - Скопје. Наградата ќе му биде врачена на директорот на Локалната библиотека „Гоце Делчев“ од Велес од страна на претседателот на БЗМ, Благој Николов.