43. Годишно собрание на БЗМ

На последната седница на Извршниот одбор на БЗМ, ИО ги дефинира темите кои ќе бидат основа за изготвување и доставување на стручни трудови за работниот дел на 43. Годишно собрание на БЗМ кое ќе се одржи во втората половина од месец јуни 2016 година, во Гевгелија.

Насловите на темите се:

1. Библиотеките поврзуваат: луѓе, заедници, нации 
Libraries connect: people, communities, nations

2. Позиционирање на библиотеките во општество базирано на знаење
Libraries repositioning within the knowledge society

3. Библиотекарството во Македонија и новото време
The librarianship in Macedonia and the new time

Пријавените трудови задолжително да имаат резиме на трудот на македонски и англиски јазик.
За првпат на ова советување кое веќе има меѓународен карактер, секоја тема има можност да се претстави на 3 начини по избор на учесникот и тоа:

• Преку излагање на трудот; 
• Постер презентација и 
• Мултимедијална презентација

Трудовите за рабитниот дел од 43. Годишно собрание на БЗМ да се достават на e-mail: Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите или на адреса: Библиотекарско здржение на Македонија, бул. „Гоце Делчев“ бр. 6, 1000 Скопје, најдоцна до 20.04.2016 година.