Повик за избор на „Библиотека на годината 2017“

Се распишува јавен повик за избор на „Библиотека на годината“. Молбите со пропратната документација се доставуваат до Комисијата за доделување на наградата „Библиотека на годината“, најдоцна до 31. 10. 2017 година.

Се распишува јавен повик за избор на „Библиотека на годината“. Молбите со пропратната документација се доставуваат до Комисијата за доделување на наградата „Библиотека на годината“, најдоцна до 31. 10. 2017 година.

Критериуми за вреднување / проценување на совршеноста за доделување на признанието „Библиотека на годината 2017“

• Квалитет и инвентивност во работењето и активностите на библиотеката

• Насоченост кон иднината – истражување и примена на нови методи на популаризација на библиотеката и библиотечниот материјал и нивно доближување до целата популација во општината во која делува и пошироко

• Креативност и обезбедување пристап и услуги за корисниците од заедницата во која библиотеката работи: сите возрасти, лица со посебни потреби

• Достапност на Е-книги и е-услуги

• Степен на воведување на нови услуги за корисниците и библиотечното работење

• Примена програми за обука на корисниците, информациската писменост и користењето на нови ИКТ во библиотеките

• Образовна работа, културни и јавни активности на библиотеката

• Препознатлива подршка на локалната заедница кон Библиотеката

• Партнерство со субјекти од бизнис заедницата

• Соработка и вмрежување со други библиотеки (на јавни, високошколски, специјални, училишни библиотеки)

• Примена стандарди и ИКТ во библиотечното работење

• Учество во проекти (национални и меѓународни)